Marcus Miller M2+ 4/TBK Bass Guitar

21.900 ден

  • Pickups: Premium PJ Revolution Set
  • Preamp: Marcus Heritage-3
  • Махагони / канадски јавор
Категорија

Опис

СПЕЦИФИКАЦИИ:

КОРПУС

  • Материјал на корпусот: махагони
  • Форма на корпусот: модерен стил на бас-корпус
  • Боја на корпусот: проѕирна црна

ВРАТ

  • Материјал за вратот: канадски масивен јавор
  • Облик на вратот: C форма со заоблени рабови на грифот
  • Мензура: 34″
  • Спојка на вратот: челична квадратна плоча со 4 дупки

ГРИФ

  • Гриф: Палисандер
  • Радиус на гриф: 12″
  • Прагови: 2,4 мм медиум, 24 прагови
  • Горна кобоилица: 4 жици – PPS TUSK црна, 38 mm ширина

ЕЛЕКТРОНИКА

  • Пикапи: Premium PJ Revolution Set
  • Предзасилувач: Marcus Heritage-3 со контрола на средната фреквенција
  • Контролери: Volume / Tone (двоен потенциометар): Пикап миксер: високи тонови: средна/средна фреквенција (двоен потенциометар): бас, мини прекинувач (активен/пасивен)

ХАРДВЕР

  • Лизгачи: модерна црна пластика
  • Долна кобилица: Marcus стандардна бас-кобилица со Body-Thru-Hole
  • Штимачки механизам: Basic Diecasting Gear
  • Финиш на хардверот: црна

ДИЗАЈН – Класичен и модерен изглед и дизајн, овој нов бас може да го произведе посакуваниот звук за сите жанрови на музика, од нежен до Metal-Grunge. Со вистински осврт на деталите, капакот на главата M2 и црната плоча се исто така направени од вистинско дрво што придонесува за префинетост во и онака врвниот изглед.

МОТИВ – Желбата на Marcus Miller и SIRE е сите да уживаат при музицирање или слушање на музиката. За да го постигнат ова, веќе неколку години се во потрага и мисија да изградат најквалитетен бас по неверојатна цена и да го направат достапен за секого. Резултатот е една нова линија на бас-гитари, со прекрасен тин, фантастичен изглед и висок квалитет по невообичаено ниска цена. Воодушевени сме што бас-гитарите на SIRE сега се достапни за сите, со обновена надеж дека повеќе луѓе ќе можат да свират и да уживаат во музиката што ја сакаат.

ПРЕДЗАСИЛУВАЧ – Marcus Miller Heritage-3 – тоа е премиум 3-band EQ предзасилувач, новосоздаден специјално за оваа серија за да ги задоволи потребите за музичка разновидност на Marcus Miller и да ги покрива различните музички стилови. Уникатниот предзасилувачки систем на SIRE е совршен пример за нашата технологија и филозофија интегрирани во нашите инструменти. Со повеќе контролери за звук, изведувачите имаат целосна контрола за да го постигнат совршениот тон што го посакуваат. Употребата на батерии од 18V му овозможува на звучниот генератор да постигне беспримедбени природни звуци со силни и моќни излези. Сите модели доаѓаат со опција и за активен и за пасивен режим. Дури и во пасивниот режим, јачината на звукот, тонот и балансерот магнети се целосно функционални, давајќи му на изведувачот поголема контрола врз звукот во секој режим.

CUSTOM – Сето она што некогаш можеа да го постигнат само „custom“ продавниците сега е возможно со Sire 2nd Generation. Овие заоблени рабови му даваат на басистот поцврсто и поприродно држење на вратот во споредба со другите типични грифови.

БОЈА – Моделот M2 е обложен со најквалитетна боја за завршна обработка, која се користи и во сериите V7 и M7. Ова му дава на M2 поелегантен изглед во споредба со другите основни модели на бас-гитари, на кои се нанесуваат обични лакови.

BLUE HUMBUCKER SET – Срцето на електричната бас гитара се магнетните пикапи. Тие ги преземаат вибрациите на жиците, кои понатаму се засилуваат преку засилувачи и звучници – слично на микрофон. Затоа, квалитетот и тенденцијата на пикапите имаат големо влијание врз звукот и карактеристиките на звукот. Големите пикап-сетови „Humbucker Pole Piece“ се редизајнирани во нови „Humbucke  Soup-Bar“ пикапи. Овој уникатен стил на Humbucker произведува моќни излези со ударни и цврсти средни тонови.

 

 

Дополнителни информации

Марка

Sire

Состојба

Нова

Тип

Електрична

Електроника

Активна, Пасивна