Medeli DD-401 Digital Drum Kit

  • 64-кратна полифонија 
  • Едукациски софтвер
  • Метроном: темпо 30 – 280
Категорија

Опис

 

Со својот нов елегантен дизајн на преклопување, DD401 е совршен комплет за тапани за настапи, домашно музицирање и едукативна примена. Специјалниот прилагодлив дизајн на преклопување заштедува многу простор иовозможува лесно складирање на комплетот во домашни услови, а потребни се само 30 секунди за пакување или монтажа на целиот сет.

Coach-режимот е напреден софтвер, креиран да ги задоволи потребите на учениците во различни стадиуми. 5 различни нивоа придонесуваат за ефикасна примена на едукативниот софтвер и резултираат кај учениците со стекнување на чувство и осет за ритамот. Вежбите вклучуваат постепено менување на темпото, комбинирање на нагласените и ненагласените тактови времиња, синкопизација и многу други ритмички насоки кои треба да ги следат учениците, се разбира со регуларна проверка на точноста од страна на софтверот. Со стекнување на ритмичка техника и рутина, системот нуди можност за синхроно музицирање и изведување на омилениот репертоар, едноставно со приклучување на пренослив музички уред во приклучокот Aux In. Музичарите со потреба за поинтензивно вежбање исто така имаат можност да музицираат со слушалки како не би претставувале звучно оптоварување за околината или да користат звучник преку приклучокот Line Out.

Иако DD401 е со исклучително мал габарит, неговиот квалитет на звук воопшто не е загрозен. Со 200 различни репродукции на звуци, Ви овозможува да свирите најразлични музички жанрови и стилови.

 

СПЕЦИФИКАЦИИ:

  • 3 прелазни томови
  • 1 добош 
  • 1 crash-чинела
  • 1 ride-чинела
  • 1 фус-чинела
  • 1 контролна кутија (continuous type)
  • 1 Kick Trigger (trigger type)
  • Екран: 3-цифрен LED 
  • 64-кратна полифонија 
  • Репродукција на 10 различни звучни конфигурации
  • 30 инструментални аражмани / 12 интервал тактови 
  • Едукациски софтвер:  beat, rhythm, pattern 
  • Метроном: темпо 30 – 280
  • Димензии: 970 мм x 450 мм x 1180 мм 
  • Тежина: 10,6 кг

Дополнителни информации

Марка

Medeli

Состојба

Нови

Тип

Електрични